Очигледно најомразениот телвизиски лик во последниот период е злобната Шахика од турската модерна драма “Забрането јаболко”.
Додека гледачите се забавуваа со сплетките на Јилдиз и Ендер, одеднаш во серијата влезе ликот на Шахика кој направи вистински хаос во животот на богатите и славните.
За неа не постојат пречки до целта, а целта е да се згази секој од фамилијата.
Ликот на Шахика е еден од најозборуваните и несакани и кај гледачите во Турција кои ја следат серијата, но сите се согласуваат дека колку што е злобна и опасна, толку е и згодна и сексипилна.
Актерката (Несрин Џавадзаде) која го толкува ликот на “змијата” во “Забрането јаболко” е Азербејџанка, по потекло.
Студира глума и учествува во многу драмски секции во текот на образованието, а нејзините кратки филмови се појавиле и на интернационалниот фестивал Берлинале.
Потоа учествува со споредни улоги во некои турски филмови и серии (Малиот ага, Девојката со црвена марама, Грев), а вистинска популарност доживува со Шахика.
Но, Шахика и приватно ужива во луксуз и богатство.
Нејзиното богатство се проценува и до 2 милиони долари, живее раскошно, има неколку вили, вози ‘бесни’ коли, а поради нејзината витка линија, многу маркетинг агенции ја ангажираат и во снимање на реклами.
Дани | ТВ Пакет