Познатата српска серија “Беса” доаѓа и во Македонија. Криминалистичката приказна е дело на познатиот британски сценарист Тони Џордан во соработка со тим од локални продуценти, а својата премиера ја имаше на Суперстар каналот во 2018-та година, по што следуваше и национална премиера во Србија во 2019-та година на Прва телевизија.
По Србија, серијата беше прикажана и во Црна Гора и Босна, а сега ексклузивно и во Македонија на Алфа телевизија од понеделник (17 август 2020) во 22.30 часот.
Добитничка е на многу признанија и награди, вклучувајќи ја и “Златна антена” за најдобра ТВ серија, најдобра фотографија и најдобра музика. Стручното жири ја прогласи “Беса“ за најдобра серија во претходната година во Србија. Првата меѓународна верзија на серијата „Беса“ е снимена во Либан, Грција и Кипар.
Дејството во “Беса” е сместено во Србија, Црна Гора и Албанија и ја следи приказната за навидум обичен човек, чиј цел живот се женува откако ќе доживее сообраќајна несреќа. Урош е семеен човек од Белград и татко на две деца, кој возејќи комбе на службен пат накај Црна Гора, доживува сообраќајна несреќа. По негова грешка, ќе настрада младата девојка Бесијана, ќерка на балканскиот нарко бос Дардан Бериша.
Над неговата судбина се надвиснуваат сенките на Дардан и неговата мафија, а го следи и инспекторот на Интерпол, Петрит Коци, кој воден од свои мотиви, сака да застане на патот на мафијашот Бериша.
Напнати случувања следуваат со секоја сцена во серијата, а од епизода во епизода ќе ги гледаме најразличните начини на борба на Урош со сопствените избори, озогласената мафија и непредвидливата игра на моќ и одмазда.
https://www.facebook.com/AlfaTV.mk/videos/631466807787436/?t=1
Дани | ТВ Пакет