Гоце Андреевски, водителот од телевизија Телма ќе “рипне во тавче”. Водителот кој ни е познат од “Утринска на Телма” и “Црвена линија”, а претходно и по контактните емисии на Алфа, минатиов викенд ја запроси својата девојка Даниела.
Романтичното запросување се случи на нивниот летен одмор во Охрид, а убавите фотографии се веќе објавени на социјалните мрежи.
Тимот на ТВ Пакет им ја честита среќната вест на Гоце и Даниела и им посакува многу здравје и убавини во заедничкиот живот.
Дани | ТВ Пакет