Од 17 август во 21 часот на кабловскиот Фокс ќе ја следиме американската серија “Стамптаун”, чии репризни изданија се наредниот ден во 12.40 часот.
Серијата е базирана на истоимената серија стрипови на Грег Рака, Метју Саутворт и Џастин Гринвуд, а Џејсон Ричман ги адаптираше стриповите во телевизиската серија на ABC. Насловот ‘Стамптаун’ е другото име за градот Портланд, каде се одвива дејството на оваа криминалистичка драма.
Декс Париос е мудра и храбра воена ветеранка и приватен детектив од Портланд. Нејзиното самоуверено однесување ја доведува во ситуации каде станува мета на криминалците, во кои ни полицијата не е повеќе во милост.
Покрај секојдневните адреналински акции во кои влегува Декс и нејзиниот тим, го следиме и нејзиниот приватен живот и борбата да се избори со траумите од војната, во која го изгубила нејзиниот колега и сакан дечко. Нејзиниот пријател и сопственик на еден бар ќе и пружи поддршка на Декс, така што ќе го вработи нејзиниот брат, а пак таа сега е и под притисок на детективот Мајлс Хофман.
Улогите ги толкуваат Коби Смалдерс, Џејк Џонсон, Танту Кардинал, Кол Сајбас, Адријан Мартинез, Камрин Манхејм, Мајкл Или и др.
Дани | ТВ Пакет