Поминаа скоро 17 години од почетокот на најголемиот тинејџерски феномен во Македонија – аргентинската серија “Млади бунтовници”. Серија која предизвика невидено внимание кај младата публика и се смета за најгледана програма за млади во историјата на македонските телевизии.
Миа, Мануел, Марица, Пабло беа само дел од средношколците со кои се дружевме долго време и заедно ги доживувавме сите среќни и тажни моменти.
Она што особено ппредизвика еуфорија кај македонските тинејџери беше и музиката од серијата.
Бендот што ги исполнуваше песните беше најслушан во тој период, а песните беа дел од секоја забава за млади. Во продолжение, потсетете се како изгледаше шпицата на “Rebelde way”.
11 часот или 15 часот… сите пред А1, чекавме “Млади бунтовници”:
Дани | ТВ Пакет