Познатата српска серија “Вистини и лаги” наскоро доаѓа на Алфа телевизија. Сапунска семејна драма која претставува римејк на популарната аргентинска телекомедија “Матуранти”.
Досега од серијата се снимени 332 епизоди, а со голем успех, освен во Србија, се емитуваше и во Црна Гора и Босна. Белградски млади и искусни актерски имиња се дел од поставата на оваа модерна приказна за една жена, која по многу години се среќава повторно со човекот кој ја одбележа нејзината матурска вечер.
Марина е растргната меѓу љубовта кон Никола и семејството кое го изградила со Павле. Љубовни заплети, семејни сплетки, но и многу хумор нè очекуваат во новата сезона на Алфа.
Дани | ТВ Пакет