Почетна / Филм / „Добредојдовте во Чеченија“ во четврток на Skopje Film festival 2020

„Добредојдовте во Чеченија“ во четврток на Skopje Film festival 2020

„Добре дојдовте во Чеченија“ е американски документарен филм од 2020 во режија на Дејвид Франс, кој зборува за убиствата на хомосексуалците во Чеченија и кој ја имаше својата премиера на Санденс, а беше прикажан и на Берлинскиот филмски фестивал.

Филмот следи група активисти кои го ризикуваат својот живот за да се спротивстават на масакрот врз припадниците на ЛГБТК+ заедницата. Режисерот користи оригинален пристап за да го разобличи ѕверството без да го открие идентитетот на лицата што даваат изјави. Со ужасна моќ што ќе ве потресе, „Добре дојдовте во Чеченија“ се осмелува да се спротивстави на геноцидот што сега се случува.

Филмот е дел од програмата „Денови на квир кино„, а ќе се емитува во четврток на 10-ти септември од 21.30 часот Слободен влез, но 30 мин. пред почеток на проекцијата може да се подигнат билетите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!