Почетна / Филм / Јигит од „Забрането јаболко“ е геј во петочниот филм на Квир кино

Јигит од „Забрането јаболко“ е геј во петочниот филм на Квир кино

На 11 септември со почеток во 19 часот, а во рамките на Денови на квир кино во Кинотека на Македонија ќе се прикаже “Lawyer”, литваниски филм од оваа година
Кога еден успешен адвокат ќе почне да забележува колку му е празен монденскиот живот, почнува да запаѓа во криза на средните години.

Мариус е адвокат, кој живее во модерен стан и работи во адвокатска фирма со луксузни канцеларии. Откако ќе се запознае со Али, бисексуален сириски бегалец, на онлајн чет, ненадејно одлучува да патува за Србија. Тие двајца се сосема спротивни, што предизвикува неочекувана страст, а Мариус ја користи несреќната судбина на Али да ја открие својата цел во живтот. Иако Али тврди дека тој не е „жртва“, Мариус започнува правна постапка за да го премесат на друго место, каде што ЛГБТИК+ лицата се поприфатени.

Во овој визуелно прекрасен филм, Забараускас ни прикажува трогателна слика за романса – како од практична, така и од емотивна гледна точка. „Адвокат“ не брза со приказната и суптилно ја разоткрива суровата нееднаквост со која се соочуваат ЛГБТИК+ бегалците, но сепак главниот фокус на филмот се двајцата протагонисти. Филмот дава општествен коментар додека ја истражува ЛГБТК+ заедницата во Литванија каде геј бракот е нелегален. Забараускас зазема став против предрасудите и со самодоверба и едноставност се занимава со сложени прашања.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!