Пред девет месеци, наголемо беше најавувана со секојдневни промоа. Сепак тогаш, руската комедија “Фитнес” не го здогледа светлото на денот.
Многу гледачи и фанови на руските ситкоми, се обратија до ТВ Пакет, како влијателен и специјализиран портал во областа на телевизијата со прашања за серијата “Фитнес”. Во име на сите наши читатели, упативме јавно прашање до телевизија Алфа:
- Во време на политика и драмски серии, дали македонските гледачи ќе имаат можност да уживаат во нешто поинакво како комедијата “Фитнес” и кога би започнала серијата со прикажување?
За жал, одговор не добивме.
И сега, сосема неочекувано, серијата започна со емитување на Алфа, од понеделник до петок околу 19.40 часот. Без никаква најава, без никаква информација за сите оние кои ја очекуваа.
За разлика од Алфа, секоја нова серија на другите национални приватни телевизии како Сител, Канал 5, Телма и Алсат се најавува навремено и гледачите го знаат денот на почеток. Со “Фитнес” не беше така, за жал.
| ТВ Пакет