Почетна / Сапуници / „Ветување“ – нова турска сапуница на Канал 5 во 17 часот
ВЕТУВАЊЕ - од понеделник до петок во 17 часот

„Ветување“ – нова турска сапуница на Канал 5 во 17 часот

Рејхан е сиромашна, мила и наивна девојка, израсната во едно мало селце и научена да ги почитува сите традиционални начела. На мали години останува сираче, но единствена утеха и поддршка наоѓа во господинот Хикмет, кој за неа е како вујко, затоа што израснал заедно со мајка ѝ.

Еден ден, неочекуваната посета и предлог на Хикмет кон Рејхан засекогаш ќе го променат нејзиниот живот. Хикмет сакајќи да го скроти неговиот разгален и неодговорен син Емир, решава да го ожени и тоа со Рејхан. Иако на почетокот се противи на тој предлог, на крајот, Рејхан сепак прифаќа да се омажи со непознатиот Емир, давајќи ветување на Хикмет, кое ќе мора да го исполни.

Така започнува патешествието на Рејхан во Истанбул, каде Хикмет ја носи и запознава со неговата фамилија, кажувајќи им ја одлуката која ја донел.
Доаѓањето на Рејхан во вилата ќе ги замрзне погледите на фамилијата и ќе ја разгори омразата на оние кои не го очекуваа нејзиното појавување.

Отпрвин, Емир не сака да се ожени бидејќи премногу ја сака својата слобода, но Хикмет успева да го присили на тој брак. Бидејќи е принуден да го стори тоа, Емир се заколнува дека ќе се однесува толку лошо со Рејхан што таа ќе посака сама развод и тој ќе си ја врати слободата.

Идејата за нивниот брак не ја прифаќа ниту неговата мајка Џавидан, која од тој момент, како и самиот Емир, прави сè за да го загорчи животот на Рејхан во куќата.

Единствената утеха, милата Рејхан ќе најде во нејзиниот вујко Хикмет и сестрата на Емир, Суна, која е парализирана и во количка. Друга пречка за бракот на Емир и Рејхан е бескрупулозната богаташка Џемре, која цел живот мечтаела да се омажи за Емир.

И Џавидан ја планирала токму неа за идна снаа, но одлуката на Хикмет да донесе узурпаторка и непозната бедничка во куќата ќе го разгори гневот и бесот кај госпоѓата Џавидан и кај Џемре.

И покрај противењата, Емир и Рејхан ќе се венчаат од кога и започнува пеколот за младата невеста. Понижувана и навредувана од свекрвата, но и од сопругот, за Рејхан ќе следат тешки денови во новото семејство. Сепак, добрината и скромноста на младата невеста ќе го растопат срцето на Емир и ќе ја магепсаат неговата душа.

Улоги : Озге Јагиз (Рејхан), Гокберк Демирџи (Емир), Беркант Муфтулер (Хикмет), Гул Арџан (Џавидан), Сила Туркоглу (Суна)​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!