Почетна / Сапуници / Прочитајте ја тажната приказна за „Ангели“, новата драма на Сител

Прочитајте ја тажната приказна за „Ангели“, новата драма на Сител

Од понеделник до петок на Сител телевизија во вечерните часови ја следите новата турска потресна драма за тешките судбини на девојките од интернатот. Во продолжение погледнете како започна приказната за “Ангели” и вклучете се во следење на следните, драматични епизоди од болната сага за напуштените цвеќиња.

Ејлул е 16-годишна девојка која живее во мала трошка куќа со нејзината мајка Месуде, сестричката Бушра и очувот Кемал. Нејзиниот живот не е воопшто лесен; таа е малтретирана од очувот, кој дури се обидува и сексуално да ја искористи невиноста на младата девојка.

Не можејќи да ги трпи прогонувањата на злобниот Кемал, младата Ејлул решава да ѝ ја каже вистината на мајка си, но наместо поддршка и помош, таа добива прекор и неверување од својата мајка. Поради тоа, Месуде ја испраќа Ејлул во сиропиталиште, длабоко во себе сакајќи да ја спаси ќерка си од канџите на Кемал.

Во сиропиталиштето, Ејлул пронаоѓа нови пријателки со кои дели слични судбини и тешки животи, но има и богати девојки за кои луксузот, понижувањата и навредите се начин на однесување и опстојување. Во една таква околина, Ејлул и нејзините другарки ќе станат мета на клеветите на богатите и размазени девојки.

Од една страна, Eјлул и нејзините пријатели се обидуваат да застанат против училишниот одбор и разгалените ученици кои ја бираат секоја прилика да ги избркаат сиромашните од сиропиталиштето, а од друга страна, овие сирачиња ќе се обидат да ги пронајдат своите семејства и да ги решат животните проблеми. Овие млади и напатени девојки ќе научат важни лекции, но ќе научат и да се заљубат, да грешат и да ги надминуваат проблемите работејќи заедно.


Фериде работи во сиропиталиште. Таа ќе се труди да даде сè од себе да им помогне на девојките кои живеат во сиропиталиштето. Со сите сили ќе се обидува да ги разбере и го посветува своето време да им помогне да стекнат самодоверба и да сфатат дека достоинството не смеат да го изгубат, затоа што сите тие се како ангели – добри, кревки, невини и возвишени.

Улоги : Biran Damla Yılmaz (Ејлул), Derya Artemel (Месуде), Cansu Fırıncı (Кемал), İpek Karapınar (Фериде), Özgür Çevik (Топрак)​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!