На 23-ти септември на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово се одржа осмото издание на фестивалот на новосоздадена, македонска, народна, шегобијна песна „Тумба фест 2020“.
Оваа година на фестивалот настапија помалку познати интерпретатори-аматери, но и познати македонски фолк изведувачи како: Круме Спасовски, Нино Величковски, Благица Павловска, Марјан Коцев итн. За фестивалот е карактеристично што на кумановски дијалект се пејат народни песни од хумористичен карактер. Ова е втора година откако фестивалот е возбновен минатата година, после последното издание во 2000 година.
https://www.facebook.com/mtv1.promo/videos/1459209914285442
Оваа недела (27 септември), МРТ 1 ќе емитува снимка од фестивалот на својата програма.
Дани | ТВ Пакет