„Прво филм“ е мотото на меѓународниот филмски фестивал Киненова кој годинава официјално ќе се одржува од 8-ми до 18-ти октомври.
Фестивалот изобилува со најбогата програма досега, а новост е што во текот на целиот месец ќе се емитува на телевизија 24 од 1 до 31 октомври.
Оваа година во главната програма има филмови од Шпанија, Иран, Грција, Полска, Казахстан и Хрватска. Доминираат социјални драми, но има и биографски документарни филмови, како на пример оние кои се однесуваат на славниот шпански Менесе.
Киненова се приклучува на светскиот тренд кој се наметна и води кон тоа фестивалската програма да се прикажува на телевизија за да можат што повеќе луѓе да видат што нуди Меѓународниот филмски фестивал. Главниот фокус е на европските филмови, односно во фокус е шпанската кинематографија и во сите три филмови доминира Пенелопе Круз.
Годинава добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност на Меѓународниот фестивал КИНЕНОВА е актерката Бранка Катиќ.
ТВ Пакет ексклузивно ви дава компплетен преглед на сите филмови кои се емитуваат и ќе се емитуваат овој октомври на ТВ 24. Во продолжение одберете го насловот и гледајте филм без реклами на 24-ка:
Дани | ТВ Пакет