13 тешки години за Македонија. 13 болни години без најголемата македонска ѕвезда на сите времиња. 16 октомври 2007 година – датум кој ја зави Македонија и целиот Балкан во црно. 13 долги години без единствениот Тоше Проески.
Една од неговите најблиски соработнички и пријателки, Каролина Гочева се огласи на социјалните мрежи со сеќавање и фотографии од Тоше. Заедно почнаа во Авалон продукција, и од тогаш станаа омилени естрадни ѕвезди за многумина.
–Не може да се заборави некој кој направил толку многу за паметење. 13 години без наш Тоше. Засекогаш во нас – напиша Каролина на Инстаграм, споделувајќи слики од заедничкиот настап и доделување награди на фестивалот “Сунчане скале”.
Дани | ТВ Пакет