Од понеделник (19 октомври 2020), Телма телевизија започнува со емитување на американското шоу на Ентони Бордејн, снимено во 104 продолженија од 2013 до 2018 година, кога и Бордејн се самоуби во купатилото на хотелската соба за време на снимањата. Ќе се емитува секој работен ден во 17.30 часот.
Ова шоу го следи овој светски познат готвач, автор на бестселер и добитник на наградата Еми, Ентони Бордејн. Тој патува низ целиот свет истражувајќи и откривајќи ги помалку познатите делови и култури преку преку ритуалите на подготовка на храна.
Познат по својата љубопитност, отвореност и сарказам, Бордејн ги носи гледачите, покрај добро познатите туристички дестинации, дури и во некои делови на светот зафатени со војна.
Се сретнува со локалните жители за да го открие нивниот животен стил. На своите патувања, тој повремено се дружи со меѓународно признати готвачи.
По неговата смрт, CNN даде изјава за големата загуба :
- Знаеше без двоумење да проголта манџа направена од племе во Либерија, да испие свежа крв на свињокољ во Чешка, да се пробива со мачета низ густежот на Панама, или на општо запрепастување на персоналот, да изеде единаесет порции различни видови риба во Токио, од кои последната парче жива јагула.
- Требаше да се биде храбар и малку луд да се биде Бордејн, и тоа сигурно не било секогаш лесно. Беше кавгаџија кој често ги хејташе другите славни личности од светот на готвењето. Од него ги научивме 10-те правила за печење месо на скара, но и куп животни лекции.
- Запрашан во една прилика кој би сакал да му бидел последниот оброк, тој одбра печена коскена срцевина, со салата од магдонос и капри, неколку тостирани парчиња багет со добра морска сол, и чаша пиво Гинис. Притоа посака или да јаде сам, или со збирштина познати луѓе, и живи и мртви, меѓу кои Ава Гарднер и Орсон Велс.
Дани | ТВ Пакет