Од 26 октомври до 2 ноември 2020 година, ќе се одржи второто издание на Деновите на медиумската писменост организирани од Мрежата за медиумската писменост. Во текот на ДМП 2020, сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да се вклучат во активностите предвидени со овогодишната програма, кои вклучуваат: работилници, дебати, вебинари и други он-лајн настани фокусирани на различни аспекти од медиумската писменост.
Поради присутната Ковид-19 пандемија, настаните од ДМП 2020 ќе бидат целосно организирани и спроведени на Интернет, следејќи го примерот на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО (24 до 31 октомври).
Дани | ТВ Пакет