По Џан Јаман, и Демет Оздемир ја посети Италија, каде со голем успех се емитува романтичната комедија „Романтичарот“.
Некои фанови од Италија ја опишуваат Демет Оздемир како „кралица создадена за романтичните комедии“. Актерката, која гостуваше во шоу на италијанскиот Канал 5, одговараше на прашања за нејзиниот живот.
Демет Оздемир, зборувајќи за своето детство и осврнувајќи се на годините во кои била танчерка, исто така истакна дека успехот денес го должи и на стабилниот семеен живот.
Како што се очекуваше, Демет беше запрашана за нејзиниот партнер во серијата Џан Јаман, на што таа одговори:
“Имаме одличен однос со Џан Јаман, тоа беше одлично искуство кое ни донесе успех и слава и на двајцата. Му посакувам успешна кариера и понатаму. Ние сме пријатели, тој е човек полн со вредности, кого го сакам многу, иако не се гледаме многу често што поради различните обврски, што поради новите правила на живот што ни ги наметна пандемијата. Тој е личност за која многу се грижам “.
Демет, односно Санем од “Романтичарот” претходно ја следевме во главните улоги во слатките приказни за “Наследници” и “Мирис на јагода”, а сега повторно ја гледаме секоја вечер на Сител во улогата во оваа популарна турска комедија во која срцето на необичната Санем е освоено од шармот на бунтовниот богаташ Џан.
Дани | ТВ Пакет