Почетна / Сапуници / Фото | Папараците го уловија Џенк од „Азра“ со поубавата половина
Актерот го следиме секоја вечер на програмата на Сител во љубовната драма "Азра"

Фото | Папараците го уловија Џенк од „Азра“ со поубавата половина

Ѕвездата на сериите „Ќерките на Фазилет“ и “Азра” повторно беше “уловен” од турските папараци заедно со неговата девојка Ебру Шам, инаку Мис на Турција за 2009 година.

Тој на новинарите им објаснил дека пристигнал во Истанбул неколку дена поради снимањата на новата серија.

Секако, далечината е тешка поради процесот на снимање, но со Ебру тие се многу среќни заедно.

Иако долго време, ергенот не зборуваше за своите врски и девојки, сепак за оваа нова негова љубов наголемо се зборува и пишува по турските медиуми.

А тие двајцата, особено во ковид пандемијата, често може да се забележат заедно, носејќи ја сета препорачана заштитна опрема.

Инаку, Алп Навруз е роден на 15 јануари 1990 година, а дипломирал турски јазик и книжевност.

Се знаимава со стрелаштво, манекенство и пливање, а неговите фотографии на социјалните мрежи достигнуваат и до 600 000 следбеници.

Атлетска градба, црна коса, хипнотизирачки поглед и насмевка која ги разоружува и најледените срца.

Mаркантно атрактивниот Џенк од “Азра” стана веќе сериозна конкуренција на многу турски глумци кои сме имале прилика да ги следиме во сериите.

 – Се занимавам и со пишување поезија. Песни пишувам уште од мал. Освен оние најчестите теми, љубовните, ме интересираат и други теми. Пишувам за сето она што го прави животот важен. Емоции, комуникации, искуства. Тие с емојот мал емоцинален вентил. Некој пишува дневник, а јас своите песни ги доживувам како разговор со имагинарниот пријател. Оној пријател на кој можам да му речам буквално се – открива Алп, додавајќи дека неговите песни се посебни и досега никој немал прилика да ги прочита.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!