Ѕвездата на романтичните комедии, Демет Оздемир ги инвестираше своите заработени хонорари во недвижнини.
Една од најпопуларните актерки во Турција во моментов, позната во Македонија по улогите во „Мирис на јагода“, „Наследници“ и „Романтичарот“, сега ќе живее во својот нов дом.
Санем од “Романтичарот” заштеди повеќе од 4.000.000 турски лири од учеството во реклами, ТВ серии и филмови, и сега е горда на нив затоа што е сопственичка на луксузна вила, со базен во задниот дел од куќата.
Новата адреса на Оздемир се наоѓа во истанбулскиот кварт Зекеријајој, на периферијата на европскиот дел на градот.
Веднаш по објавувањето на веста за купување куќа во медиумите во Турција, голем број компании за мебел и дизајн на ентериер ги контактираа менаџерите на актерката со предлози да го опремат нејзиниот нов дом со големи попусти со што Демет ќе ги изрекламира нивните продукти и услуги.
Дани | ТВ Пакет