На местото на грчката сапуница “Бруско”, Сител телвизија ќе емитува нов дневен “Магазин”, по теркот на балканските и македонските телевизии кои исто така емитуваат сличен тип на емисии.
–Секој работен ден од 10 часот наутро, ова забавно шоу ќе не води во светот на познатите, но и на не толку познатите. Гостите ќе откриваат што ги плаши најмногу, а на што најчесто се радуваат, но и ќе одговараат на прашања кои досега никој не им ги поставил -велат двете водителки на новиот Сителов магазин.
Во “Магазин”, Сања Димитровска, Александар Динев, ќе разговараат со медицински лица кои ќе ги посоветуваат гледачите како до подобро здравје, животен стил, но и кои се здравите навики кои треба да станат пракса за секого. Новинарите од терен Виктор Вукановски и Симона Илиевска ќе пренесат интересни животни приказни од цела Македонија.
Интересни животни приказни од цела Македонија, анкети и игри со граѓаните на улица, незгодни прашања и забавни одговори, поткрепени со соодветни награди. Но, и директни јавувања во студио.
50 минути возбуда, совети, забава и смеа, плус интересни игри и прашања од фановите за гостите во студиото. Отворено, искрено и без предрасуди во “Магазин” на Сител телевизија.
Дани | ТВ Пакет