Во новата сезона, наместо нови латиноамерикански теленовели како што беше пракса изминативе децении, на МТМ Скопска и локалните телевизии ќе гледаме руски мелодрами.
Прва во редот е историската “Адмирал”, вистинска приказна за кариерата и љубовта на најпознатиот руски офицер Александар Колчак кој се борел против Болшевиците по Октомвриската револуција.
„Обично телевизиската верзија е нус-производ на филмот, a телевизискиот филм обично се прави од неискористен материјал. Напротив, овојпат најпрво сакавме да снимаме сериска историска епопеја, а потоа се појави идејата за создавање на целовечерен филм, па како резултат на тоа, земавме сосема друг сценарист, што е невообичаено за вакви проекти.
Така да биографијата е таа и во серијата и во филмот, но во оваа епска новела гледаме повеќе приказни, повеќе љубов, повеќе желба за одбрана на татковината и љубовта“, – вели Анатолиј Максимов, продуцент на оваа мини серија во 10 продолженија.
Дани | ТВ Пакет