Почетна / Серии / Австралиската крими драма „Мистериите на доктор Блејк“ на Телма
Нова австралиска серија од 3 ноември на Телма, веднаш по "Топ Тема"

Австралиската крими драма „Мистериите на доктор Блејк“ на Телма

Од понеделник до петок на Телма во 20.30 часот започнува одлична и возбудлива мистериозна драма за докторот од Австралија. Австралиска криминална приказна, снимена во областа Викторија од продукцијата на December Media, а емитувана со големи рејтинзи во Австралија. Во продолжение прочитајте го сижето на “Мистериите на доктор Блејк” :

Д-р Лусиен Блејк ја напуштил Австралија во своите 20-ти години за да студира медицина во Шкотска. За време на Втората светска војна, се приклучил на британската армија како медицински офицер.

За време на војната, неговата работа како воен лекар подразбирала и патување на Далечниот исток, каде што тој се вљубил и се оженил со една Кинеска, со која и добил дете. Сепак, во војната губи трага и од двајцата.

По 33-годишно отсуство од дома и долга и исцрпна, но безуспешна потрага по саканите, Блејк се враќа во родното мало гратче во 1959 година за да ја преземе практиката на неговиот покоен татко како општ лекар.

Кога Блејк ќе се врати дома по животот обележан со војна, суровост и очај, тој веќе нема да ги почитува строгите социјални правила на малото гратче. Тој дури и ќе ја нервира неговата најблиска соработничка Џин, поранешна асистентка на неговиот, сега веќе покоен татко.

Пациентите му ги кажуваат своите тајни и лаги, а тој го користи своето знаење за судски лекар за да внесе мир и правда во нивните животи. Но, дали неговата вештина и искуство можат да му помогнат кога ќе му тропне мрачната тајна од минатото?

Овој поранешен воен доктор и воен заробеник е општ лекар и градски полициски лекар, што значи дека тој често истражува смртни случаи, природни и неприродни, решливи и нерешливи. Тој се школуваше, патуваше низ светот и виде што најлошо можат да си прават луѓето едни на други.

Но сега, го прогонуваат спомените за ужасите во војната, заробеништвото во неславниот затворски логор во Тајланд и неговата лична загуба. Доктор Блејк не може да им избега на духовите од минатото, починатите родители, исчезнатата жена и детето, кои го прогонуваат постојано. Однадвор, д-р Блејк е моралниот компас на заедницата во време на промени.

Но морално и внатрешно, тој е човек кој од прва рака знае како луѓето можат да бидат нехумани пред другите. Малкумина го разбираат неговиот палав хумор и можат да го пробијат неговиот психолошки оклоп. Но, секој му верува на лекарот. Тие му кажуваат сè. И тој има добар слух и осет за неизреченото.

Д-р Лусиен Блејк е остар како жилет и лукав како лисица пред кого следуваат мистериозни случаи и неоткриени тајни кои мора да ги реши за да внесе мир и правда во животот на луѓето, но и во сопствениот живот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!