Почетна / Сапуници / Фото | Бугарската актерка од „Украден живот“ со поздрав до Македонците

Фото | Бугарската актерка од „Украден живот“ со поздрав до Македонците

Популарната бугарска актерка Радина Думанјан, која ја толкуваше една од главните улоги во првите сезони на серијата ,,Украден живот”, преку нејзината Фејсбук страница ги поздрави фановите од Македонија.

Актерката која во моментов е бремена, на македонски јазик на нејзиниот профил напиша:

Специјален поздрав до сите пријатели и обожаватели во Македонија, каде во моментов се емитува “Украден живот”!

Меѓу оние кои искоментирале и се заблагодариле има многу Македонци и фанови на “Украден живот”, која секоја вечер се емитува на ТВ Алфа во 21 часот.

Инаку, таа не е повеќе дел од медицинскиот тим во сапуницата. Во почетокот беше свршеница на Калин, за потоа да се омажи за доктор Александар, вистинскиот наследник на семејството чиј живот беше украден уште во првата епизода со замената на бебињата. Нејзиното повторно враќање очекувајте го во подоцнежните сезонии.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!