Од понеделник до петок на Сител телевизија во 17 часот ќе се емитува новата, шестта сезона на кулинарската емисија “Брза кујна”.
Новитет во оваа сезона е што наместо Александра, ќе ја гледаме Сања Савеска во водителската улога. Поради бременоста, оваа сезона Александра нема да биде дел од тимот, па затоа екс водителката од ТВ 24 доаѓа на нејзино место да им прави друштво на шефовите на кујната, Марк и Никола.
Што вкусно ќе приготват новите натпреварувачки парови? Тимот на доматите или тимот на пиперките ќе ги освојува вашите симпатии?
Гледајте “Брза кујна” во 17 часот на Сител и навивајте за зелените и црвените.
Дани | ТВ Пакет