По ДНК, Необјавени приказни, Семејни тајни, Работна акција… следува уште една репризна емисија на Алфа. Секое попладне околу 16.30 часот се репризира “Паклена кухиња”, емитувана пред неколку години на фреквенцијата на Тв Алфа.
Кулинарското ТВ шоу „Пеколна кујна“ пружа единствен поглед во професионалното и најквалитетно готвење и послужување на врвната ресторанска храна. Водителите на ова шоу ги знаат најголемите тајни на кулинарството и на совршените ресторани и ресторанска услуга. Целта на ова реалити шоу е да се избере некој ресторан и да се преуреди „од глава до петици“.
Водителите ги анализираат сите постоечки маани на локалот, ги утврдуваат причините: Непрофесионалноста на готвачите, нељубезноста на келнерите, лошата декорација и амбиент на ретсоранот, слабата промоција…
Кога тие ќе влезат во ресторанот, никој не ги сака. Тие се груби, ја кажуваат вистината без влакна на јазикот, укажуваат на сите маани… Тие прават вистински пекол за мрзливите и некреативни работници во рестораните. Зад кулисите на рестораните ќе се случат вртоглави промени и после пеколната ревизија што ќе ја направат водителите на шоуто, тие ресторани стануваат најбараните места за добра храна и услуга.
“Пеколна кујна” е српска верзија на светската верзија “Hell’s kitchen”. Оригиналниот формат на „Пеколна кујна“ во текот на неколку сезони ги освојуваше највисоките БАФТА и ЕМИ награди во Велика Британија и САД.
Дани | ТВ Пакет