Поради тепачката со поранешното момче на Сања Николиќ, раперот Слаткар си заработи една година казна затвор. Според информациите на таблоидот Свет, пејачот нема да смее физички да се пресметува со никој во следните три години. Максималната казна што Слаткар ја добил е една година затвор или условна од три години доколку не го повтори делото.
Тепачката се случила пред две години, колку што и траеше судскиот процес. Пресудата е донесена минатата недела. Сања Николиќ е главен сведок на одбраната и сведочела против Словенецот кој е нејзино поранешно момче.
Chris | ТВ Пакет