Оваа сезона, Телма телевизија и Телевизија 24 продолжуваат со емитување на популарни и висококвалитетни американски серии.
На ТВ 24 ќе се емитуваат “Scorpion” и “Billions”. “Шкорпион” е создадена од Ник Сантора за CBS. Серијата го прикажува живoтот на на извршниот продуцент и самопрогласен компјутерски експерт Валтер О’Брајан кој заедно со неговите пријатели, помагаат да се решат сложените глобални проблеми и да се спасат животи.
„Милијарди“ на Showtime има пет сезони и ја раскажува приказната за менаџерот Боби Акселроуд како доаѓа до големо богатство и влегува во светот на високите финансии.
На Телма, пак, оваа зима следуваат “Major crimes” (TNT, 105 епизоди) и “The Mentalist” (CBS, 151 епизоди).
“Тешки злосторства” е спин оф на “The Closer” (Разоткривање) што се прикажуваше на истата фреквенција пред две години. Во главната улога сега е Мери Мекдонел како главен детектив која, со своите колеги, ќе ги истражува најкомплицираните случаи.
И уште еден процедурал на Телма… Иако првите сезони ги следевме на МРТ и целата серија на кабловската Нова С, не е лошо да се потсетиме на истражувачот со посебен дар за решавање на најсложените злосторства – “Менталист”.