“Горчлива одмазда” е португалска теленовела која ја доби интернационалната награда ЕМИ за најдобра теленовела во 2018-та година. Неколку месеци истата веќе се емитува и на националната Телма.
Серијата продолжува со нови интригантни продолженија во 16.40 часот, од понеделник до петок на Телма, а “Шоуто на Елен” ќе го следите во 14.30 часот. Нови епизоди со љубов и интриги, но и нови планови за остварување на опасната одмазда на Жорже следуваат и во наредните месеци од оваа интересна приказна, снимана во Португалија, Бразил и Шпанија.
Ќе успее ли љубовта на Жорже со ќерката на убиецот на неговото семејство? Ќе може ли Биа да му прости на одмаздникот во кој се вљубила, а чија една и единствена цел е … горчливата одмазда кон нејзиниот татко?
Дани | ТВ Пакет