Од идната седмица на националната Алсат телевизија со емитување започнува новата турска драма “Суровиот Истанбул”, која ќе ја замени досегашната вечерна серија “Бодрумска приказна” во 19.45 часот.
Се работи за серија правена по теркот на познатите “Ќерките на Фазилет”, “Украден живот” и “Ќерки”. Сторија за една жена која со нејзините ќерки доаѓа во Истанбул и се вселува во богатата вила крај Босфорот. Таа вила и тој град ќе ги промени животите на дојденците, но и на оние кои дотогаш навидум мирно живееле.
Засега серијата ќе се емитува само за албанската публика на Алсат, а идната година и македонските гледачи ќе имаат прилика да ја следат на најгледаната национална телевизија.
Дани | ТВ Пакет