Од 14 декември (понеделник) на прва скопска МТМ телевизија стартува уште една руска теленовела. “Последниот јаничар” е снимена во 2014-та година, а темата на серијата е забранетата љубов меѓу една убава руска девојка и еден јаничар, целосно оддаден на служба на турската држава.
Новелата на МТМ ќе се емитува од понеделник до петок премиерно во 18 часот, а репризите се вечерта во 22.45 часот и наредниот ден во 13 часот, како и неделен омнибус во недела на пладне. Во продолжение запознајте се со содржината на “Последниот јаничар”:
Во едно руско село, години одамна се раѓа една силна љубовна приказна, која покрај цела несреќа и препреки, станала вистинска легенда која се раскажува од колено на колено, од дедо на внук, од баба на внуци.
Во почетокот се запознаваме со послушниот јаничар Алтан, мудар, вешт и немилосрден, не знае за страв, а не ги запознал ниту љубовта ниту пријателство во животот, туку само одданост на волјата не својот господар. Неговиот пат започнува со служење на синот на турскиот амбасадор во Русија, Гулкхан бег.
Храбриот војник киднапира селски девојки и лесно се справува со десетици непријатели и со харемските интриги, непоколебливо трпејќи какви било неволји и клевети. Сепак, излегува дека постојат сили со кои дури и челичниот карактер на јаничарот не може да се справи.
А таа сила е љубовта. Љубовта кон Мариса, девојка од селото која најпрвин ќе биде киднапирана од јаничарот, а потоа и самиот тој ќе почне да гаи некакви чувства кон неа. Убавата девојка го менува однесувањето на императивниот и силен јаничар.
Таа средба ќе му го промени животот засекогаш, затоа што тој е на крстопат да одбере – љубов и прогонство или доживотна служба на султанот.
Каде ќе доведе духовниот раскол на последниот јаничар – кон срам и смрт или кон нов живот? И дали семејството на Мариса ќе може да ја прифати забранетата љубов на Мариса со човекот кој е дел од оние кои ги убиле нивните претци и ги уништуваат нивните поседи?
Улоги : Александр Суворов (Алтан), Зоряна Марченко (Мариса), Алексей Тритенко (Игнат), Теона Дольникова (Зулејка), Юрий Беляев (Мустафа), Артём Алексеев (Федор)
Дани | ТВ Пакет