Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Срвајвр – пресек на 3-иот ден

Срвајвр – пресек на 3-иот ден

Морето околу Костарика е особено брановито. Девојките од Борука колективно паднаа во депресија, додека момците од Матамбо се разбудија прилично расположени. Пред нив е првиот ден на искушението, како психичко така и физичко.

 

Пресек на 3-иот ден


 

Портокаловото племе Борука поцрвене од бес. Девојките го активираа своето најсилно оружје – јазикот. Станија, Ава и Алекс влегоа во конфликт, бидејќи Алекс побара од Станија да и ги помести нејзините работи од едно на друго место, што Станија потполно ја разбесна. Додека фрлаат со дрва и камења една по друга, машкиот дел од екипата се обидува да ја смири тензијата. На крајот, девојките почнуваат да работат за да допринесат во племето. За тоа време, племето констатира дека доколку секој ја работел својата работа, конфликтот нема да избиел затоа што досадата доведува до тоа. Себастиан заклучува дека девојките се неспособни да го исчистат кампот, Алекс констатира дека Станија е полна со целулит и оти спие со пет момци околу себе, дека е најадена и напиена од утро до вечер и оти со себе донела 10 пара костуми за капење. На крајот се смируваат страстите и натпреварувачите се подготвуваат за борба.

 

Во Матамбо владее многу посмирено расположение, Племето генерално е задоволно од Невен како поглавар, но сметаат дека не треба постојано да се забавуваат, потребна била и работа. Јелена е особено незадоволна од престојот и опкружувањето на островот, ја нервираат манекените и неработниците, иако не прецизираше, се претпоставува дека мислеше на Никола и Кристина кои целото попладне го минале шетајќи по брегот, на крајот таа додава дека сака веднаш да си оди дома. Нетрпеливоста е очигледна, што кулминира со констатацијата на Невен дека ситуацијата во државите е таква каква што е поради политичарите, обраќајки му се индиректно на Марко. Сепак, на крајот племето се соединува за да нивната нетрпеливост не се одрази во борбата.

 

И така Борука и Матамбо со полн дух и ентузијазам, застанаа пред судијата Андрија. Пред нив е вистинска борба во која најважна е тактиката. Задачата се состои од низа пречки во кои натпреварувачите треба да ја покажат својата спретност и брзина. Секој од нив има задача да прејде по гредата и да ослободи по едно оружје. Племето кое прво ќе ги ослободи сите оружја, треба да го состави дрвениот мост со фотографиите и да ја пренесе кутијата за алат до платформата, за да освои комплет оружја и имунитет. Победник во оваа борба е племето Борука.

 

По пристигнувањето на островот, портокаловата екипа го поставува тотемот на видно место и забавата започнува. Конзервата со храна, алатот и победничкото расположение ги предизвикаа најтоплите емоции и најнежните зборови. Извираат пофалби од сите страни, Алекс цвета, Ава започнува да пее и танцува. Но ситуацијата не беше поразлична ниту во Матамбо, загубениот идентитет не им го спушти духот. Ноќта паѓа, а шегите се секогаш помрсни, пред нив е вечер на првиот Племенски совет.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!