Откако еднаш ќе почнете да верувате дека заслужувате љубов, никогаш повеќе нема да се помирите да бидете нечиј втор избор. И затоа најчесто се плаче за оние кои најмногу ги сакаме. Но, љубовта е болка од која не се умира затоа што во љубовта, просјакот и кралот се еднакви.
Само оној кој го следи патот на љубовта, преминува илјадници чекори како еден. Само оној кој ќе се обиде да ја разбере љубовта, ќе го изгуби разумот.
Не можеш да му понудиш само пријателство на тој што бара љубов. Тоа е како да му даваш леб на оној кој е жеден за вода и разум на оној чие срце ќе чука само за другиот.
И токму љубовта е водечка тема во новата новела на Канал 5 телевизија. Од понеделник (14 декември) нова вечерна серија која ќе нè потсети дека не постои вистинско време и место за ова возвишено чувство. Серија за љубовта која се случува спонтано и која нема да бара совршенство, туку единствено трпеливост, лојалност и посветеност.
Серијата за “Ќерката на Амбасадорот” ќе ни порача дека човекот може да биде сакан, само ако знае да сака. И ако се предадеме целосно, само тогаш може да бидеме цели.
За Наре и Санџар, најдобрите и најубавите нешта во животот не можат да се видат или слушнат, туку ќе мораат да се почувствуваат со срцето. Тој попрво би поминал еден живот со неа отколку да се соочува со сите векови на животот сам. А таа ќе сфати дека кога сака да го помине остатокот од животот со него, тогаш ќе посака остатокот од животот да започне што побрзо.
Љубовта за нив е дива сила. Кога се обидуваат да ја контролираат, ќе ги уништи. Кога ќе се обидат да ја заробат, ќе ги зароби нив самите. Кога ќе се обидат да ја разберат, ќе ги остави … изгубени и збунети. Само таму каде што има љубов, ќе има и живот за “Ќерката на амбасадорот”.
Дани | ТВ Пакет