Фудбалерите на Колумбос Кру ја освоија титулата во Северноамериканската професионална лига (МЛС), совладувајќи го синоќа на домашен терен бранителот на титулата Сиетл Саундерс со 3:0. Колумбос дојде до својата втора титула во историјата благодарение на двата гола и асистенцијата на играчот на мечот, Аргентинецот Лукас Зеларајан.
Тој беше прецизен во 25. и 82. минута, асистирајќи му притоа во 31. минута на Хаиќанецот Дерик Етиен за убедлив триумф над екипата на Сиетл, која се надеваше на своја трета шампионска титула во последните пет години. Финалето на стадионот „MAPFRE“ во Колумбос, Охајо, го следеа околу 1.500 гледачи.
Екипи со најмногу трофеи во МЛС се:
1. Лос Анџелес Галакси 5 (2002, 2005, 2011, 2012, 2014)
2. ДЦ јунајтед 4 (1996, 1997, 1999, 2004)
3. Сиетлс Саундерс 2 (2016, 2019)
– Колумбос Кру 2 (2008, 2020)
– Хјустон Динамо 2 (2006, 2007)
– Спортинг Канзас Сити 2 (2000, 2013)
Дани | ТВ Пакет