По повод 35-тиот роденден на НЛБ Банка, беше одржан концерт без публика на најголемите македонски ѕвезди.
Каролина, Влатко Стефановски, Ареа, Тамара и Нокаут со своите големи хитови се претставија пред македонскиот аудиториум во топлата атмосфера на Македонска опера и балет.
„Сплотени преку музиката, прославуваме заедно!“ – беше слоганот на акустичниот концерт кој во целост се емитуваше и на телевизија, а може да се погледне и на Youtube во целост.
Македонската принцеза Каролина покрај своите песни, со неверојатна женска, сензибилна и уникатна изведба ја пренесе и една од најпопуларните песни од нејзиниот колега и пријател, маестро Тоше Проески. Поглендете како изгледаше и звучеше интерпретацијата на “Твоите бакнежи на моите бели кошули”:
Дани | ТВ Пакет