Гледачите во Македонија ќе бидат привилегирани да ги следат најновите случувања од босфорската раскошна драма “Забрането јаболко”.
По гледачите во Турција, македонските гледачи ќе имаат единствена шанса први и единствени во светот да дознаат што следно ги очекува во скандалозните и авангардни животи на Јилдиз, Ендер и Шахика.
Од таа причина, Канал 5 телевизија им излезе во пресрет на бројните фанови на Јаболкото и токму од таа причина ќе ги емитува најновите продолженија паралелно со епизодите кои ќе се емитуваат во матичната земја.
Понеделник, вторник и среда во 21. 15 часот дознавате како Шахика ќе успее уште еднаш да доминира над новите богаташи, но и ќе се засладите со романтичните моменти на Јилдиз и Чагатај.
Ќе помине ли смртта на Халит неказнето или секое прикриено злосторство остава по некоја трага?
Трагите излегуваат на виделина ексклузивно на Канал 5 во вашето најомилено “Забрането јаболко” – серија која ги помести границите за забава, серија која го надмина лимитот на возбуда, гламур и шокантни изненадувања.
Дани | ТВ Пакет