26-годишниот Роберт Патинсон четврта година по ред е прогласен за најсексипилен маж на светот, во анкетата што ја спроведе магазинот Glamour, каде учествуваа дури 40.000 луѓе!
Ѕвездата од сагата „Twilight“ ги победи актерите Том Хидлестон и Џони Деп, кои се најдоа на второто и на третото место. Во топ пет листата на најсексипилни мажи се најдоа и Мајкл Фасбендер, Бенедик Камбербач, Роберт Дауни Џуниор, Тејлор Лаутер, Хенри Кавил…
Ивана Таневска | ТВ Пакет