Почетна / Телевизија / Корисниците на Телекабел разочарани – укината е ХРТ 1

Корисниците на Телекабел разочарани – укината е ХРТ 1

Почитувани корисници,
Ве известуваме дека се исклучени два канали од нашата понуда поради тоа што ЗАМП кој е застапник за ХРТ1 и РАИУНО за Македонија, не успеал навреме да ги обнови договорите со ХРТ1 и РАИУНО.
Каналите се исклучени од сите оператори.
Засега замена за ХРТ1 е РТС1, а за РАИУНО е Здрава ТВ.
За сите понатамошни информации ќе бидете благовремено известени.
Ви благодариме на разборањето.

Со вакво известување, кабловскиот оператор Телекабел се обрати до своите корисници на социјалните мрежи. Лавина реакции по известувањето. Гледачите се незадоволни што се укинува една од најдобрите балкански телевизии која беше пример за државна телевизија која емитираше квалитетна програма за сечиј вкус.
Хрватската државна телевизија беше една од ексклузивитетите на Телекабел по што се двоеше од конкурентите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!