Почетна / Телевизија / Проектот на Џамбазов ќе стартува во ноември

Проектот на Џамбазов ќе стартува во ноември

 

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов во неделата гостуваше во Дневникот на МРТ1. Причина за неговото гостување беше проектот што веќе долг период се најавува.

 

 

Работата во телевизијата Џамбазов ја гледа како еден вид зависност. Токму поради таа зависност решил повторно да си дојде „дома“, односно во телевизијата кадешто работеше долги години. „Леси се враќа дома“ е работниот наслов на она што Џамбазов ќе го работи во МРТ1. За проектот „ЏИШ“ (Џамбазов Игор Шоу), тој вели дека во себе го „готвел“ веќе дваесетина години и оти конечно дошол до луѓе кои сфатиле дека „ЏИШ“ треба да се оствари во интерес на добрата телевизиска програма и зачувувањето на телевизиската индустрија.

Не дознавме како ќе изгледа, но се знае дека првото издание од емисијата ќе го видиме во месец ноември. Џамбазов потенцираше дека бескомпромисно ќе се бори против кичот и шундот на македонските телевизии, алудирајќи на турските и индиските серии. Интервјуто открива и дека МРТ1 ќе организира емисија посветена на Тоше Проески на денот кога тој го загуби својот живот во сообраќајна несреќа.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!