Објавена кон крајот на декември, но почекавме малку за да ги собереме емоциите и да го пренесеме она што го нуди новата песна на Андријана Јаневска. Ремек дело какво што само најголемите музичари може да создадат и отпеат.
Насловот на песната е „Летај“, а станува збор за емотивна балада која е посветена на нејзината почината мајка и на сите оние кои не се повеќе физички помеѓу нас.
Андријана и овој пат се надмина себеси. И овојпат создаде нешто од кое солзите сами ќе прокапат, а душата горко ќе заболи. Секоја чест, Андријана!
Дани | ТВ Пакет