Почетна / Телевизија / Гледачите со поплаки – зошто РТС Свет е укината на операторот А1 ?

Гледачите со поплаки – зошто РТС Свет е укината на операторот А1 ?

Веќе неколку дена РТС Свет е укината на кабелскиот оператор А1. По неколкудневни обиди да се стапи во комуникација со нив, бидејќи имаат очаен контакт ценар, а уште поочајна и нефункционална онлајн платформа за помош, добив штура информација дека имаат проблем со сигналот. По симптоматичниот одговор кој го добив (ист ваков одговор добивав и пред повеќе од две години кога ја укинаа ХРТ1) се обратив до РТС директно преку меил и добив информација дека сигналот од нивна страна е добар и повторно ме упатија кон мојот оператор (ист ваков одговор добив и во случајот со директна комуникација со ХРТ пред две години).

Ова е писмото кое го добивме од наш читател и корисник на телевизиските услуги на А1. Со слична реакција се и гледачите на Радио телевизија Србија, кои своите коментари ги оставаат на социјалните мрежи и медиуми, а кои го следат сигналот преку овој оператор.

Реагираме јавно за А1 да овозможи точна и навремена информација до своите корисници.

Неофицијално, ТВ Пакет дознава дека наскоро се очекува враќање на овој канал во програмската понуда на А1.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!