Почетна / Филм / Полски драми, кинеска романса и американски трилери викендов на Телма

Полски драми, кинеска романса и американски трилери викендов на Телма

сабота (9 јануари 2021), 22.15 часот – “Три бои бело”, полска драма (1993)

Црнохуморна крими-комедија за која Кјешловски доби „Сребрена мечка“ на Берлинале и номинација за Европската филмска награда. Полјакот Карол е во големи неволји откако неговата сопруга Доминик, Французинка, поднесува барање за развод, бидејќи предизвикал пожар во нејзиниот фризерски салон. Доминик е незадоволна сопруга, додека, пак, Карол е стаствено влубен во неа и опседнат од нејзината убавина.

сабота (9 јануари 2021), по полноќ – “Скитникот од плажата”, американска комедија (2019)

Приказната ги следи постојаните невољи ма Мундог (Метју Меконахи), бунтовничкиот скитник кој живее по сопствени правила. Од режисерот на филмот Бунтовници, Хармони Корин пристигнува „Скитникот од Плажата“ – освежувачки оригинална комедија во која играат: Снуп Дог, Зак Ефрон, Ила Фишер и други.

сабота (9 јануари 2021), по Скитникот – “Unknown”, американски трилер (2011)


Динамичен трилер за потрагата по сопствениот загубен идентитет, во буквална смисла на зборот. Мартин и Елизабет Харис се брачен пар кои доаѓаат во Берлин поради конференција за биотехнологија. Мартин (Лијам Нисон) има сообраќајка и паѓа во кома од која се буди по четири дена. Оттогаш неговиот живот е свртен наопаку. Неговата жена не е крај него, а кога почнува да се обидува да се врати во нормала, сè е поинаку.

Елизабет е со друг Мартин Харис крај себе и воопшто не го познава, додека тој не може да го докаже својот идентитет поради што влегува од една во друга ситуација во потрага по тоа кој е и што е.

недела (10 јануари 2021), 4 часот – “Линдон Б. Џонсон”, американска политичка драма (2016)

По атентатот на Џон Кенеди, улогата на Линдон Б. Џонсон во животите на Американците драстично ќе се смени.

Додека нацијата го оплакува убиениот претседател Џонсон води нови битки. Приказна за политичкиот успон на Линдон Б. Џонсон.

недела (10 јануари 2021), 10 часот наутро – “Враќање во Монтак”. германска драма  (2017)

Една врска немаше шанса да трае подолго од еден викенд, а Макс и Ребека беа премногу млади за да сфатат дека ја сретнале љубовта на својот живот. Макс се враќа во Монток но се враќа и неговото минато. Германска драма на Волкер Шлондорф.

недела (10 јануари 2021), 19.15 часот – “Расположени за љубов”, кинеска романса (2000)

Познатиот кинески режисер Вонг Кар Ваи потрошил многу време за да го реализира филмот, одбивајќи да направи сценарио за филмот, но дозволувајќи им на актерите да ги водат емоциите.

Актерите Меги Чеунг и Тони Леунг на својствен начин ја донесуваат нетипично – типичната приказна за соседите , кои, како што изминува времето, започнуваат да покажуваат нежни чувства еден кон друг.

Филмот својата светска премиера ја имаше на Канскиот филмски фестивал во 2000 година кога беше дел од натпреварувачкта програма во трката по Златната Палма. Актерот Тони Леунг ја освои наградата за најдобар актер за улогата во овој филм. Инаку филмот успеа да освои вкупно 44 награди и 41 номинација за награди со што на некој начин го потврди реномето на овој познат кинески автор.

недела (10 јануари 2021), 22.15 часот – “Три бои црвено”, полска романтична мистерија (1994)

Младата и убава Валентинастудира во Женева и работи како манекенка и фото-модел. Заради бројните обврски и честите патувања, таа сè поретко се гледа со нејзиното момче, Англичанец. Еден ден, таа со автомобилот удира куче и додека му помога на животинчето го запознава неговиот сопственик, стариот Жозеф Керн, поранешен судија. Неговото студено и загадочно однесување ќе ја заинтригира Валентина.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!