Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Нови епизоди на потрага по вистината во „ДНК“, секоја недела на Алфа
Луѓе со низок морал во потрага по изгубените деца во новите сезони на Алфа

Нови епизоди на потрага по вистината во „ДНК“, секоја недела на Алфа

Алфа телевизија со нови емисии од српската риалити документарна емисија “ДНК Анализа”, која се емитува на српската Пинк. Нови приказни, нови личности и нови скриени вистини секоја недела во 19.30 часот.

Тимот на “ДНК Анализа” во потрага по вистината. Кога ќе сфатат дека крвта не е вода, овие личности ќе тргнат во потрага по она што им било одземено, она кое било исчезнато, она кое им припаѓа ним.

„ДНК Анализа“ е документаристички пристап на авторите кои врз основа на раскажувањата и озборувањата за семејните врски на познати и обични личности, тргнуваат во потрага по вистината. Клучот за разрешување на мистериите и тајните на авторите на оваа емисија е ДНК анализата која не остава никакви сомневања. Барем така вели науката. Но, се разбира, понекогаш е тешко на вистината да и се погледне во очи.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!