Почетна / Серии / „Chicago Med“, серија за лекарите од Чикаго стартува на Fox Life

„Chicago Med“, серија за лекарите од Чикаго стартува на Fox Life

Од понеделник до петок на Фокс Лајф ексклузивно ќе имате прилика да ја следите новата медицинска драма за “Лекарите од Чикаго”.  Премиерите се навечер во 23.50 часот, а репризите идниот ден по 8 часот наутро и во 17 часот попладне.

Од извршниот продуцент Дик Волф (франшизата „Ред и закон“), доаѓа последната драма од приказната во Чикаго, која се занимава со напната атмосфера во новиот центар за итни случаи и ги следи животите на исклучителните лекари, медицински сестри и друг персонал.

Најновите медицински херои на Чикаго ќе мора да се соочат со најбрзите интервенции како би ги спасиле човековите животи во најризичните моменти. Доктор Вил, доктор Сара, доктор Конор, доктор Даниел, доктор Итан, доктор Ава заедно со медицинските сестри Еприл, Шерон, Меги, како и останатиот персонал ќе се борат секојдневно во исцрпувачка борба за спас и здравје.

Само тимската работа и брзата реакција ќе може да ги спасат жртвите од несреќните случаи во кои западнале и околностите кои ги довеле таму, во ургентниот центар на Чикаго.

Улоги : Nick Gehlfuss, Yaya DaCosta, Rachel DiPillo, Colin Donnell, Brian TeeS. Epatha Merkerson, Oliver Platt, Marlyne Barrett, Norma Kuhling​

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!