Македонската медиумска асоцијација го замрзна членството на телевизија Алфа. Според информации на Алфа, вака одлучиле на вчерашниот состанок останатите национални телевизии членки (Сител, Канал 5, Телма и Алсат), а на кој состанок не бил присутен директорот на Алфа.
–Зошто замрзнувањето е ставено на дневен ред на состанокот, официјално образложение нема. Побаравме изјава од претседателот на ММА, директорот на Телма – Атанас Кировски. Ни одговори додека не биде готов записникот од состанокот, нема да дава образложенија.
Засега нема одговор кој од останатите директори е иницијатор за ваквата одлука и зошто Алфа не е известена за да има можност да реагира? – прашуваат од Алфа.
Дани | ТВ Пакет