Секоја недела, The Japan Foundation 国際交流基金 и Канал 5 Телевизија ќе ви овозможат да се будите со „Кулинарски патувања“ во 8.30 часот наутро. Се работи за француско-јапонска продукција која ќе ја гледате секое неделно утро на оваа фреквенција.
Мини серија во 8 продолженија, полна со авантури од светот на кулинарството. Шеф Амандин Шењо ќе нè води на островот Хокаидо, езерото Тоја и во регионите на Нисеко и Сапоро.
Французинката ќе биде изненадена од разноликоста и суптилноста на јапонската гастрономија, а преку нејзините патувања, ќе се запознаеме со оваа традиционална, деликатна и рафинирана кујна што се смета за една од најмалку калоричните и една од најбалансираните во светот.
Ќе уживаме во предели од кои запира здивот и ќе ги откриваме тајните на јапонските национални специјалитети.
Дани | ТВ Пакет