Прочитајте кои филмови ќе се емитуваат на Телма во деновите што претстојат од јануари :
недела (24. јануари 2021), 19.15 часот – “The old man and the gun” (2018)
Американска биографска криминална драма со Роберт Редфорд, базирана на статија во New Yorker, a за оваа улога, Редфорд кажа :
– Прекрасен лик кој го играм во овој период од животот. Тоа што посебно ме привлече е фактот дека ограбил 17 банки, бил фатен 17 пати и 17 пати отишол во затвор. Но, и побегнал 17 пати. Се прашав дали убавината на неговиот живот е тоа што не се плашел дека ќе биде фатен, бидејќи ќе почувствува возбуда кога ќе побегне.
недела (24. јануари 2021), 22.20 часот – “Mission London” (2010)
Поради приклучувањето на Бугарија во ЕУ, во амбасадата во Лондон се подготвува концерт а задачата на новиот амбасадор Варадин е да се погрижи кралицата да присуствува.
Но со корумпиран персонал, криминални банди кои работат надвор од кујната, вљубувањето во стриптизета и мало недоразбирање со ПР агенција која обезбедува „копии на кралското семејство“ – неговата едноставна задача се претвора во хаотичен кошмар.
понеделник (25 јануари 2021), 22.40 часот – “Abduction” (2019)
Двајца тотални странци имаат едно заедничко нешто-киднапирани блиски. За да ги најдат саканите и да ги победат киднаперите, мораат да напаѓаат заеднички…
вторник (26 јануари 2021), 22.40 часот – “Thalasso” (2019)
Две ѕвезди случајно се среќаваат на таласотерапија и здружено ги кршат сите правила. Дали студената вода, разните диети и забрани се нивниот најголемиот проблем, останува да видите во црната комедија со контроверзниот писател Мишел Уелбек и филмската ѕвезда Жерар Депардје кои се глумат самите себе.
среда (27 јануари 2021), 22.40 часот – “The tracker” (2019)
Одморот на едно семејство заврши трагично и Ајден остана без сопруга и ќерка. Петнаесет години подоцна, истрагата е повторно отворена и тој патува назад на местото на злосторството. Во мрежата на измами Ајден се обидува да разбере што всушност се случило.
четврток (28 јануари 2021), 22.40 часот – “The hummingbird project” (2018)
Братучедите од Њујорк – Винсент и Антон играат ризична игра во која победата се мери во милисекунди. А кој е нивниот сон?
Да изградат оптички кабел помеѓу Канзас и Њу Џерси кој би ги направил милионери. Но, ништо не е едноставно за овој чуден пар. Антон е мозокот на операцијата а Винсент е преварант па заедно се бодрат , како и сите други до пресвртната точка во нивната бесмислена авантура. Некој кој им е постојано на пат е нивната поранешна шефица – Ева Торес, моќна и манипулативна која не се откажува од ништо.
петок (29 јануари 2021), 22.40 часот – “Sorry we missed you” (2019)
Рики и неговата сопруга се мачат да се изборат со долговите. Суровоста на капитализмот е се посилна а класните разлики се поголеми. Семејната врска е цврста сè до моментот кога нивните деловни патишта не се разминат. Не пропуштајте ја повеќекратно наградената драма номинирана за „Бафта“.
Дани | ТВ Пакет