Почетна / Живот / Филхармонија со „Фанфари за еден пријател“, посветен на маестро Ѓумар

Филхармонија со „Фанфари за еден пријател“, посветен на маестро Ѓумар

Филхармонија денеска ќе го одржи концертот „Фанфари за еден пријател“ посветен на маестро Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017) со почеток во 20 часот. Диригент на концертот е Габриел Бебешелеа, а програмата содржи дела од Копланд, Дика, Гуно, Шмит, Штраус и  македонскиот композитор Ангел Спироски.

На концертот „Фанфари за еден пријател“ ќе се промовира серијата „Пред концертни разговори“ како нова практика на Филхармонија.

Идејата потекнува од новиот шеф -диригент, маестро Габриел Бебешелеа чија цел е преку овие разговори пред почетокот на концертите да ја запознае публиката со делата кои ќе бидат дел од програмата, како и со естетскиот и филозофскиот контекст на самите композиции.

„Пред концертни разговори“ ќе се реализираат во рамки на концертите со оркестарот на Филхармонија кои ќе ги води Бебешелеа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

error: Содржината е заштитена!