Почетна / Сапуници / Која телевизија реши да ја рециклира најуспешната серија на А1 ?

Која телевизија реши да ја рециклира најуспешната серија на А1 ?

“1001 ноќ” е првата турска надсинхронизирана серија, емитувана во Македонија, која постигна неповторлива гледаност и незапаметена популарност, носејќи се рамо до рамо со мега хитовите “Касандра” и “Клон”.

Новелата остана запаметена по главните актери Онур и Шехерезад, но особено се сеќаваме на неа и по уникатните актерски доајени кои ги позајмија своите гласови во серијата, како што се Бранко Ѓорчев, Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ, Сабина Ајрула Тозија и други.

Дали може таков феномен да се рециклира и повторно да се емитува на телевизија, 12 години по првото емитување? Дали во напливот на премиерни турски серии на македонските телевизии, ни фалат уште репризи на веќе емитувани серии?

Дали некој може да ги замени оние Онур и Шехерезад кои навикнавме да ги слушаме или само ќе се исквернави споменот на она што беше прво, едно, единствено и најуспешно ?

Или па … можеби гледачите навистина сакаат да се потсетат на Шехерезад, макар и во ново руво?

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!