Почетна / Забава / New Yorker отвори втора продавница во Скопје

New Yorker отвори втора продавница во Скопје

 

Со целодневна програма и вистинско шоу, New Yorker ја отвори втората продавница во Македонија. Водечката компанија за трендовска мода од Германија ја претстави најновата колекција во „Скопје City Mall“ лоциран на 750 метри квадратни.

Новата продавница им овозможува на граѓаните голем избор од најновите трендови на брендовите на New Yorker, FISHBONE, FISHBONE SISTER, (спортска и секојдневна линија), AMISU (мода за дами), трендовска и опуштена машка модна линија позната како SMOG, CENSORED (долна облека и облека за плажа) како и широк спектар на најнови модни додатоци наменети за трендовски освестените слободоумни луѓе од сите возрасти. Изборот нуди широк спектар на модерна облека, фармерки, спортска облека, секојдневна облека дополнета со исто така голем избор на долна облека и модни додатоци.

 

 

„Втората продавница на New Yorker во Скопје нуди голем избор на најнови трендови и модерни комбинации за трендсетерите со висок стил, за кои веруваме дека се нешто што мора да се има меѓу младите луѓе во Скопје и Македонија. New Yorker одлучи да ја отвори оваа втора продавница со модерен концепт и најновите модни стилови со цел да понуди исклучително шопинг искуство на повеќе од 750 метри квадратни. На денот на отворањето ќе ги наградиме нашите посетители со специјални понуди, обезбедувајќи ваучери и шопинг купони“, изјави Данијела Јанковиќ, Регионален менаџер за New Yorker.

На денот на отворање промотерите на New Yorker делеа ваучери во и околу Скопје City Mall. Посетители на новата продавница беа пречекани од многу забавни и интересни активности, како DJ PSI со целодневен музички сет со најпознати и најнови RNB и Hip Hop теми. Како дополнување македонските херои Паркур групата изведуваа атракции и егзибиции надвор и внатре во City Mall, а познатата танчерска група Break a Leg настапуваше пред продавницата во текот на целиот ден.

New Yorker е присутен во Македонија од 2010 година со својата прва продавница во Скопје. Од 4-ти октомври со новата продавница во Скопје, германскиот моден бренд ќе брои две продавници во Македонија. А оваа ќе биде најголемата продавница во земјата. Со повеќе од 938 локации во 32 земји New Yorker се залага за урбана мода и најнови трендови.

 

{gallery}102012/new-yorker{/gallery}

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен нов датум за новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“

Поради огромниот интерес и целосно распродадениот прв датум на новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!