Скопје секој ден станува се поатрактивно место за живеење, а со овој проект главниот град на Македонија ќе добие и нов забавен центар. Имено, се работи за долгонајавуваниот аква парк кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Местото одамна е ветено за аква парк, но сега знаеме и точно кога ќе биде изграден.
За изградбата на проектот задолжени се две македонски и една турска компанија. На последниот тендер одбрани беа фирмите „Жикол“ и „Електро Унион“ од Скопје и турската „Полин“. Компаниите за 5,3 милиони евра треба да изградат воден парк што ќе претставува нова атракција во главниот град, во Македонија, но и во регионот. Изградбата на паркот треба да биде завршена кон почетокот на 2013. година.
Водениот парк ќе се гради на површина од 12.000 метри квадратни и ќе се состои од базен со бранови, 10 тобогани меѓу кои ќе има „вселенска топка“, „бумеранг“ и „мулти слајд“, мрзлива река, детски свет „пиратите на Карибите“, ресторан и многу други рекреативни содржини за посетителите. За следната недела е најавена прес конференција на која ќе биде претставен проектот.
Крис Манев | ТВ Пакет